Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ОДЛЕЖИ ЗАТВОР ТРИ ГОДИНИ, ИСТО ТОЛКУ НЕМА ДА СМЕЕ ДА РАБОТИ, И ЌЕ ВРАТИ 15 ИЛЈАДИ ЕВРА - Кривичен суд ја прифати спогодбата за Наќе Георгиев

ЌЕ ОДЛЕЖИ ЗАТВОР ТРИ ГОДИНИ, ИСТО ТОЛКУ НЕМА ДА СМЕЕ ДА РАБОТИ, И ЌЕ ВРАТИ 15 ИЛЈАДИ ЕВРА - Кривичен суд ја прифати спогодбата за Наќе Георгиев

Осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев ќе одлежи затвор од три години, нема да може да работи како судија исто толку, и ќе врати 15 илјади евра. 

Судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата мешу обвинителството и осомничениот, откако тој го призна делото. 

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска
по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител,
осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу
Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го
огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за
кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито
влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10
години.
Воедно со пресудата, изречена е дополнителна мерка Забрана за вршење
професија дејност во траење од 3 години од правосилноста како и
конфискација на имотната корист, стекната со извршување на кривичното
дело во износ од 15.000 евра“, се вели во соопштението од Кривичниот суд. 

Слично

Поврзани вести