Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе одиме на некој регионален пункт да си ја пробаме среќата: На помладите не им се чека за вакцина

Ќе одиме на некој регионален пункт да си ја пробаме среќата: На помладите не им се чека за вакцина

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани, соопштија од Министерството за здравство. Со последните бројки 35 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Моментно се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Дел од граѓаните од повеќе градови, според некои сознанија, одат во вакциналните пунктови и покрај тоа што немале пријава на vakcinacija.mk. некои граѓани пак кои се помлади а не се дојдени на ред прават планови да одат во друг град и ако има место да се вакцинираат. Слушнале велат дека така имало вакцинирање. Сепак надлежните апелираат да не се прави така, затоа што се вакцинира согласно Националниот план. Уверуваат дека досега никој не е вакциниран преку ред или партиски.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани

Слично

Поврзани вести