Ќе оди ли Заев за Нова година во Солун?
Премиерот, Зоран Заев, Новата година ќе ја дочека во Солун со градоначалникот Јанис Бутарис, соопштија денеска од Владата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вели дека премиерот Заев за новогодишните празници ќе отпатува за Грција на покана на градоначалникот на Солун, Бутарис.
Престојот на Заев во Грција ќе биде во форма на приватна посета, односно нема да биде официјална државна посета.
Солунскиот градоначалник, Бутарис, го поканил Заев Новата година да ја дочека во неговиот град при неговата посета на Скопје во средината на ноември.
Слично
