ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ДВЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА: Вработена на Психијатрија снимала пациентка и го објавила видеото
Вработена на Психијатрија снимала пациентка и го објавила видеото, поради што ќе одговара за две кривични дела.
Таа наштетила на угледот и честа на пациентката. СВР Тетово, поднесе кривична пријава против А.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.
На 28 ноември лани, пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видео снимката ја објавила на социјална мрежа. Ова не е првпат вработен во здравствена установа да снима видеа и да ги објавува на социјалните мрежи. Претходно, имаше скандал со тетовец кој лани е осуден на 15 месеци затвор.
Лани во ноември, вработена во тетовската болница беше приведена поради неовластено снимање.
