Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе одговара лице кое не ја почитувало самоизолацијата

Ќе одговара лице кое не ја почитувало самоизолацијата

Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска попладнево на прес-конференција изјави дека борбата со коронавирусот многу чини, и затоа сите треба да даваат точни информации каде патувале. 

Министерката за внатрешни работи утре ќе поднесе кривична пријава за Ф.К. кој на Табановце влегол во земјатана почетокот од март, и требал да биде во самоизолација, но тој тоа не го сторил, со што го прекршил Кривичниот законик. 

Имал средби со најблиските, но и со вработените во фирмата. 

Потоа дал лажен исказ, дека не патувал надвор од земјата. 

Тој заразил повеќе лица и придонел за ширење на епидемијата. 

„Недозволиво е поединци да го изигруваат законот“, рече Петровска. 

Таа рече дека ваквите лица ќе го добијат одговорот од институциите. 

Слично

Поврзани вести