Ќе одговара ли Ахмети за пропаднатиот попис?
За случајот со пропаднатиот попис во изминативе шест месеци испитани се повеќе сведоци.
Во извештајoт на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Попис“, кој е во истражна постапка, а во кој осомничени се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и актуелниот претседател на ДУИ, Али Ахмети за кои според прислушуваните разговори постои основано сомневање тие во октомври 2011 година ја злоупотребиле службената положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис, досега биле испитани повеќе сведоци.
„Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р.Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија во 2011 година, ова јавно обвинителство на 25.01.2019 година донесе наредба за економско финансиско вештачење, кое се уште не е изготвено“, се наведува во извештајот.
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи при отворањето на истрагата, рече дека осомничените во октомври 2011 година се договориле да ги одложат веќе започнатиот попис.
На 10 и 11 октомври 2011 година осомничените
се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од
175 милиони денари.
