Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ОДАМ САМ, НЕКАДЕ ЌЕ СОРАБОТУВАМ СО ДУИ, НЕКАДЕ СО ВЛЕН, ТОА НЕ ПОСТОИ НИ ВО ТЕОРЕИЈА, НИ ВО ПРАКСА“ - Меџити го повика Таравари да се изјасни

„ЌЕ ОДАМ САМ, НЕКАДЕ ЌЕ СОРАБОТУВАМ СО ДУИ, НЕКАДЕ СО ВЛЕН, ТОА НЕ ПОСТОИ НИ ВО ТЕОРЕИЈА, НИ ВО ПРАКСА“ - Меџити го повика Таравари да се изјасни

Изет Меџити, лидер на Демократско движење, бара од Арбен Таравари да се изјасни дали останува дел од ВЛЕН или води паралелни преговори со ДУИ.

„И едното и другото не оди. Ако води разговори со ДУИ, тогаш тоа значи дека ќе мора да испорача нешто за возврат, што би било спротивно на политиките на Владата“, изјави Меџити на денешната прес конференција.

„Изјави од типот ‚ќе одам сам, а некаде ќе соработувам со ДУИ, некаде со ВЛЕН', тоа не постои ни во теорија, а не пак во пракса“, потенцира Меџити. Според него, таквиот пристап само создава конфузија и ја поткопува стабилноста на коалицијата.

Дополнително, спорен е и предлогот на Таравари за настап со посебни советнички листи на локалните избори. Според Меџити, таквиот предлог бил надгласан од останатите коалициски партнери.

„Ако сме заедно во Влада, треба да сме заедно и на локално ниво. Се друго оди во прилог на други политички партии“, истакна тој.

Прашан дали Таравари може да остане во Владата и покрај можен излез од ВЛЕН, Меџити повтори дека прво се чека одговор од Таравари, а потоа ќе следи став од останатите партнери.

Инаку, неофицијално, во ВЛЕН веќе стартувал процесот на спојување во единствен политички субјект. Меџити откри дека веќе функционираат заеднички тела, како кадровска комисија и ПР-тим, и дека сега е време за обединување со јасна визија. Според Меџити, најмалку е важно кој ќе биде лидер на ВЛЕН, и тоа ќе го решат органите. Таравари, пак, вчера изјави дека не добил конкретна понуда за формирање заедничка партија, туку ултиматум. Негираше дека води преговори со ДУИ, но додаде дека останува отворен за соработка со сите.

Слично

Поврзани вести