Поцков има идеја: Ќе никне нов влез од автопатот во Гевгелија
Сашо Поцков кој раководи со општина Гевгелија планира да го заживее стариот влез од автопатот Пријателство во Гевгелија при што како што пренесуваат медиумите тој најавил дека ќе се реконструира патот кај старата бензинска пумпа на Макпетрол, мотелот Вардар, локалитетот Милци.
Поцков најавил дека годинава ќе се стави во употреба стариот влез од автопатот „Пријателство“ во Гевгелија, што се наоѓа во близина на селото Мрзенци.
Како што се додава, гевгелискиот градоначалник очекува проектот да биде дел од проектитите за изградба и реконструкција на локални патишта, за кои Министерството за транспорт и врски годинава ќе издвои 50 милиони евра, поради што му наложи на одделението за урбанизам да подготви план и за овој пат за што финансиски се подготвени да учествуваат и фирмите кои се наоѓаат во тој дел од градот.
