Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ НИ ГИ УСКРАТАТ ПАРИТЕ И ЌЕ НИ ЗАБРАНАТ ПРИСТАП ДО МЕДИУМИ“: Апасиев обвинува дека владата сака да ја оштети Левица

„ЌЕ НИ ГИ УСКРАТАТ ПАРИТЕ И ЌЕ НИ ЗАБРАНАТ ПРИСТАП ДО МЕДИУМИ“: Апасиев обвинува дека владата сака да ја оштети Левица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев обвинува дека утре преку АВМУ се планира удар врз неговата партија. Според него, ќе се оштети партијата за приблилижно 350.000 до 400.000 евра, преку Упатство за рекламирање.

„Гледајќи го порастот на анкетите, и не можејќи да смислат соодветен противотров - сакаат илегално, преку "креативно толкување" на Изборниот законик, со Упатство за рекламирање, да ја оштетат Левица за приближно 350.000 до 400.000 ЕУР. Со ова не само што ќе ни ги ускратат парите за платено политичко рекламирање, кои по закон ни следуваат, туку и ефективно ќе ни забранат пристап до портали и национални телевизии и медиуми (дури и кога би сакале самите да си платиме)“, вели Апасиев.

Тој најавува низа тужби и кривични пријави против членовите на Советот на АВМУ. 

„Јавно го повикуваме Уставниот суд со времена мерка донесена по службена должност да ја суспендира примената на ова драконско и контроверзно упатство, како смислен недемократски удар врз парламентаризмот и плурализмот, кои се уставна категорија. Колку за илустрација - на пример, на Моника Зајкова од ЛДП (со 1 пратеник) би и следувале околу 300.000 ЕУР за реклами на ТВ, а на Левица (со 6 пратеника) - би и следувале 0 ЕУР + банирање на било која телевизија“, пишува Апасиев.


Слично

Поврзани вести