Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ НЕ УТЕПА ГРАД И ДОЖД А ЌЕ ИМА И ГРМЕЖИ: Медитерански циклон доаѓа кон Македонија

ЌЕ НЕ УТЕПА ГРАД И ДОЖД А ЌЕ ИМА И ГРМЕЖИ: Медитерански циклон доаѓа кон Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса,  во текот на целата недела времето во Македонија ќе биде многу променливо и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд.

- Од пладневните часови ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ваквата метеоролошка состојба АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат ПРЕТПАЗЛИВИ.

Локално во текот на седмицата ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2). Постои опасност од локални поплавувања.

И во Скопскиот регион понатаму ќе има почеста појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите остануваат без промени и на многу места истите ќе се искачуваат над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и над 25 степени - истакна метеорологот, Славчо Попоски.

Слично

Поврзани вести