Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ НЕ СПАСИ ЛИ „ОНЕ-СТОП-ШОП“ ОД ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА?! граѓаните скептични иако сакаат да се намалат гужвите

ЌЕ НЕ СПАСИ ЛИ „ОНЕ-СТОП-ШОП“ ОД ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА?! граѓаните скептични иако сакаат да се намалат гужвите

По официјалниот старт на концептот - едно застанување или веќе познато како „оне-стоп-шоп" што од вчера се воведе на граничниот премин со Република Србија, Табановце - Прешево, граѓаните со поделени мислења. 

Иако има граѓани кои со нетрпение очекуваат да се намалат гужвите на граница и да се олесни протокот на граѓани и на стока, има и такви кои скептично ги измеаваат преземените мерки.

На темата со видео од граничниот премин и најавите за скратено чекање на границите, за побрз проток на луца и стоки пушти позната туристичка агенција која побара мислење од граѓаните. 


Граѓаните скептично и со многу прашања зошто се прават гужвите на границите. 

Малку од нив веруваат дека оваа промена ќе направи да исчезнат гужвите на граница. 


Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потпретседателот на Влада и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, потпишаа Протокол за начинот на извршување на гранични проверки во меѓународниот патен сообраќај. 
Со ова и официјално е пуштен во употреба новиот интегриран систем на управување, како важен исчекор во модернизација на граничното управување,

Согласно најавите на надлежните, овој чекор треба да овозможи побрз проток на лица и стока, унапредување на соработката, размена на информации и таргетирани контроли на високоризични профили на лица, како и унапредување на регионалната економска поврзаност...
Фото: Принтскрин/Фејсбук/ Царинска управа

Слично

Поврзани вести