Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе не изненади ли есента за викендот?

Ќе не изненади ли есента за викендот?

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 33 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температура до 31 степен.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, максималната температура ќе се искачи на 33 степени, а УВ индексот ќе биде 6.

Додека во недела времето ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 32 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.

Идната работна недела ќе имаме сончево време со температури околу 30 степени. 

Дури од 23 септември има најави за дожд и пониски температури. 

Слично

Поврзани вести