Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе наврнат над 35 литри дожд на метар квадратен

Ќе наврнат над 35 литри дожд на метар квадратен

Облачно со врнежи од дожд ќе биде утре. Врнежите ќе бидат поинтензивни во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.

Во текот на утрешниот ден ќе дува и засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час.

Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина.

Во недела претпладне ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето. 

Слично

Поврзани вести