ЌЕ НАСТАНЕ ХАОС ВО СКОПЈЕ: Oд понеделник приватните превозници нема да возат со целосен возен ред
Oд понеделник приватните превозници нема да возат во Скопје со целосниот возен ред.
Тие одлучиле да воведат редуциран сообраќај, при што на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер. Тоа значи дека од понеделник на скопските улици ќе има 150 автобуси помалку.
Се решиле на ваквиот чекор поради долгот на Град Скопје кон приватните превозници во висина од 2 милиони евра, како и неиспoлнeтото ветување за зголемување на тарифникот.
Во понеделник почнува новата учебна година.
Претходно во Владата имаше состанок меѓу Арсовска и премиерот, но ништо конкретно не беше договорено.
Слично
