Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ НАДМИНЕ ЛИ 10.000 БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Трендот на трицифрени бројки продолжува, 400 хоспитализирани, медицинскиот кадар преморен

ЌЕ НАДМИНЕ ЛИ 10.000 БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ НА КОВИД: Трендот на трицифрени бројки продолжува, 400 хоспитализирани, медицинскиот кадар преморен

Денеска се очекува бројот на заразени од корона вирусот во Македонија да надмине 10.000 од почетокот на епдемијата.

-До вчера во нашава земја имаше точно 9934 заболени, но според актуелниот тренд на секојдневни трицифрени бројки на новозаразени, очекуваме над 10.000. Од нив активни се се уште 4117 граѓани, од кои 400 или безмалку 10 проценти од нив се во болниците. Бројот на новозаразени нагло почна да се зголемува од почетокот на јуни, но повеќе загрижува фактот што бројот на починати е навистина висок. Во моментов има 460 починати од корона вирусот. До крајот на мај, или конкретно до 31.05 бројот на смртните случаи изнесуваше 133. За неполни два месеца во земјава од вирусот починаа дури 327 пациенти, тоа е навистина загрижувачка бројка, велат за Фактор, специјалистите интернисти од неколку инфективни одделенија во болниците во земјава.

Единствено што е добро во целава ситуација, како што појаснуваат, дека најголемиот број од новозаразените со Ковид-19, поминуваат со полесна клиничка слика, заради што нема потреба од хоспитализација.

-И покрај тоа што бројот на хоспитализираните е 400, за сега не се оптоварени болничките капацитети. Во сите болници, во сите Ковид-центри во земјава се уште има слободни болнички кревети за да се згрижат пациенти со тешка клиничка слика, но медицинскиот кадар е преморен и ќе мора во наредниот период да се размисли како да го решиме овој проблем, велат соговорниците на Фактор.

А.Б.

Слично

Поврзани вести