Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за нанесување телесна повреда за мажот кој на 1 декември ја претепа својата сопруга во Љубанци и беше спроведен во притвор.

„Доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата“, објаснува ОЈО Скопје.

До Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката

„Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оценил дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода“, дополни Обвинителството.


Слично

Поврзани вести