Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Првото рочиште е закажано на само два дена пред почетокот на кампањата

ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ:  Првото рочиште е закажано на само два дена пред почетокот на кампањата

Во Кумановскиот суд на 2 април годинава ќе почне судењето на кумановскиот градоначалник и претседателски кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, откако против него е поднесено обвинение за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште е закажано на само два дена пред почетокот на изборната кампања.

Димитриевски, кој е кандидат за претседател на државата, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, затоа што во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.

Двете фирми пријавиле дека на овој начин тој им предизвикал штета од околу 55.000 евра. Димитриевски ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ. 

По негово барање, обвинителството одлучи да го смени обвинителот во предметот, за кого Димитриевски оцени дека е пристрасен. Обвинителството соопшти дека обвинителот во случајот е сменет за да се отстранат сите сомнежи изнесени во јавноста.

Слично

Поврзани вести