Ќе му прости ли Шекеринска на Панче Ангеловски
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во својата последна изјава не го спомена Панче Ангеловски, пензионерот кој ја нападна на 27 април во Собранието, но наведе дека никогаш не чувствувала омраза поради овој случај.
Ангеловски е помеѓу оние кои ја искористија законската можност да поднесат барање за амнестија како учесник во „крвавиот четврток“, но најверојатно нема да му биде одобрено пд судот затоа што се работи за директен учесник во насилство кој веќе е осуден.
- Уште во тој момент не чувствував омраза. Со омраза никој не тргнал напред. Сакам да функционира системот, да функционира правдата, за сите граѓани на оваа држава да се чувствуваат сигурни. Одмаздата никогаш не направила нешто добро - изјави вицепремиерката.
Ангеловски за нападот на Радмила Шеќеринска доби четири години затвор минатата година. На рочиштето дека чувствува вина, и рече дека не сакал да ја повреди туку да ја тргне Шеќеринска од гужвата.
Неговиот адвокат Драган Пешевски, кој го застапува по службена должност, побара судот да ги има предвид олеснителните околности како неговата возраст и неосудуваност.
