Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе му пресудат ли нелегалните платформи на Матка на Блерим Беџети?

Ќе му пресудат ли нелегалните платформи на Матка на Блерим Беџети?

Постапка за кривично гонење на првиот човек на општина Сарај бара Антикорупциска.

Комисијата бара поведување на ваква постапка поради дивите платформи на Матка за кои Блерим Беџети наместо да реагира тој документите за легализација ги чувал во фиока.

Овој проблем во јавноста се појави пред неколку месеци кога првично граѓани дојавуваа за дивоградбите, односно платформите.

Сега, Антикорупциска тврди дека кај градоначалникот има кривична одговорност бидејќи иако имал законска обврска тој не постапил како што наложува законот за легализација.

Од друга страна пак дека платформите немаат ни водостопанска согласност утврдил инспекторатот за животна средина.

Слично

Поврзани вести