Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе му го земе ли Милошоски потпретседателското место на разрешениот Митко Јанчев?

Ќе му го земе ли Милошоски потпретседателското место на разрешениот Митко Јанчев?

Имун на донеодамнешните разрешувања во опозициската партија не остана ниту кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, а медиумите брифираат кој би можел да го наследи на потпретседателската функција во ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот Мицкоски му ги одезе сите партиски фунцкии и го исклучи Јанчев заедно со пратениците кои гласаа „ЗА“ уставни измени согласно договорот од Грција а тој пак неодамна му порача на челникот на партијата дека ќе му го земе местото.

„Не сум излезен од партијата, не може мене Мицкоски да ми понуди да се вратам, бидејќи имам намера јас да ја водам партијата“, ова за 1ТВ го изјави поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев на прашањето кое се провлекува низ јавноста – дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски му понудил да се врати назад и да биде член на ИК.

Во јавноста пак се шпекулира дека токму Антонијо Милошоски би можел да седне на фотелјата на Јанчев.

„Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот, пренесува „Независен“ додавајќи дека Милошоски одбил да коментира дали ќе биде трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.


Слично

Поврзани вести