Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ МУ БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА МИЦКОСКИ И ЌЕ ГО СОВЕТУВА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ - нова улога за Марјан Ѓорчев во ВМРО-ДПМНЕ

ЌЕ МУ БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА МИЦКОСКИ И ЌЕ ГО СОВЕТУВА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ - нова улога за Марјан Ѓорчев во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер и пратеник Марјан Ѓорчев е назначен за стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата, дознава „Република“ од извори на партијата. 

Ѓорчев бил назначен на вчерашната седница на ИК.

Станува збор за искусен партиски кадар и искусен дипломат.

Ѓорчев јавноста го памети и по тоа што беше директен противкандидат на Никола Груевски за прв човек на партијата како наследник на Љубчо Георгиевски, а потоа извесен период беше под мраз во партијата. Потоа, пак, беше номиниран и избран за градоначалник на Кисела Вода. Марјан Ѓорчев беше и амбасадор на земјава во Софија, Бугарија. 

Слично

Поврзани вести