Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ЛОБИРААТ ЛИ ЗА ЕУ И НАТО: Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека се зголемува бројот на пријатели на Македонија

ЌЕ ЛОБИРААТ ЛИ ЗА ЕУ И НАТО: Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека се зголемува бројот на пријатели на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ вчера на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на Центристичката демократска интернационала, која е светска организација на десни политички партии. Ова е значајно меѓународно признание и успех на партијата на кој што макотрпно работевме изминативе два месеци, соопшти  Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е организација на влијателни политичари на светско ниво, и е огромна шанса за стекнување на многу нови пријателства за ВМРО-ДПМНЕ и за заштита на државните и националните интереси на Република Македонија. Ова е организација каде претседател на ЦДИ е Андрес Пастарана, поранешен претседател на Колумбија, генерален секретар е Антонио Лопез Истуриз кој истата функција ја извршува и во Европската народна партија, потпретседатели се: Маријано Рахој, премиерот на Шпанија, Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, Марио Давид од Португалија, додека почесни претседатели се Хозе Марија Азнар, поранешен премиер на Шпанија и Пиер Фернинандо Касани, поранешен претседател на Парламентот на Италија. Ова е друштво и во кој се Јанез Јанша како и Жозеф Дол, претседателот на ЕНП е претседател за Европа на ЦДИ“ - рече Мицкоски.

Во моментот се одвива самитот на ЦДИ во Будимпешта каде присуствува потпретседателот Александар Николоски кој имаше излагање во однос на членството и кандидатурата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа организација. 

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите во меѓународниот свет со дипломатски чекори, разумни и принципиелни позиции и ставови и секогаш водејќи сметка за националните и државните позиции. 

„Ова е доказ дека Република Македонија има пријатели, и дека се можни меѓународни успеси, со зачувано достоинство, и со силна визија за развој на нашата држава. Приемот во организацијата е и заслуга за сите наши меѓународни пријатели“ - вели тој. 

Членството ќе биде искористено за зголемено влијание на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, и лобирање за државните интереси членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести