ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината
Општина Кисела Вода започнува со акција за отстранување на хаварисани возила и возила без регистарски таблички.
„Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички!
Кисела Вода во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.
Инспекциските служби на општината, во текот на следните неколку дена ќе започнат активност за мапирање на отпадните возила и ќе започнат постапка со која ќе се утврдува сопственоста, како и тоа дали истите се регистирани и имаат платено обврски кон државата.
Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови.
ОВА ОСОБЕНО ВАЖИ ЗА ОНИЕ ВО РАСАДНИК, КОИ ПАРКИНЗИТЕ ГИ КОРИСТАТ ЗА ПРЕПРОДАВАЊЕ НА ВОЗИЛА, КАКО АВТО ПЛАЦЕВИ, БИДЕЈЌИ ЌЕ ЗАВРШАТ ВО ОТПАДНО ДЕПО!
Важно - инспекторите ќе пристапат и кон возилата кои се без таблици и во комуникација со МВР и ќе се започне со постапка согласно законската легислатива!
По завршувањето на постапката, возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат.
Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал!
Предвидени се и глоби за несовесните сопственици на хаварисани возила.
Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување туку воведување ред во оваа сфера.
Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода!“ напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на фејсбук.
Слично
