Ќе ја паметиме по ведриот дух: Колегите се простуваат со медицинска сестра од ГОБ 8 септември
Уште еден медицнски работник ја изгуби битката со коронавирусот. Сестра од еден од најважните и најполни ковид центри, ГОБ 8 сепетмври починала како последици од болеста. Станува збор за медицинската сестра Нашиде Емини која имала 60 години. Таа долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во оваа јавна здравствена установа. Веста за смртта ја соопшти Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.
Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“ пишува на Фејсбук.
