ЌЕ ЈА ИСПРАТИМЕ 2023 ГОДИНА: Премиерот Ковачевски кажа каде ќе биде на 31 декември
Премиерот Димитар Ковачевски новата година ќе ја дочека со пријателите и со семејството.
„Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство и после една-две пијачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“, изјави Ковачевски.
Тој кажа дека секој ден ја слави Новата година на тој начин.
Слично
