Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ШУТКА ИЛИ СЕПАК НЕ: ОЈО контра одбраната бара Катица да не излегува од притвор

ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ШУТКА ИЛИ СЕПАК НЕ: ОЈО контра одбраната бара Катица да не излегува од притвор

По само еден ден откако одбраната побара да се укине притворот за Катица Јанева гарантирајќи со нејзиниот имот, денеска стана јасно дека ОЈО бара да се продолжи притворот.

Во петок ќе истече триесет дневниот притвор за Јанева а дали истиот ќе биде продолжен не е извесно не не е и невозможно.

ОЈО, како што пренесоа дел од медиумите барало притворот да биде продолжен.

Имено, вчера  Ирена Фрчкоска, адвокатката на третата осомничена во случајот „Рекет“ вели дека се отпаднати основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, а не со најстрогата по закон. 

Фрчкоска во изјава за ТВ21 рече дека е нарушено здравјето на Јанева. Јанева е во притвор од минатиот месец и е осомничена во случајот Рекет во кој првоосомничен е Бојан Јовановски Боки 13, а второосомничен Зоран Милески Кичеец.

Слично

Поврзани вести