Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ИСЦКРАМЕ СИТЕ КАКО ГЛУЦИ“: Трајковска по пожарот во Трубарево 'предолго моќници мислат дека може да прават што сакаат'

„ЌЕ ИСЦКРАМЕ СИТЕ КАКО ГЛУЦИ“: Трајковска по пожарот во Трубарево 'предолго моќници мислат дека може да прават што сакаат'

Треба под итно да го смените законот и пожарите кои се подметнати, а овие денови има премногу случајности, (кои не ќе да се случајни), да се третираат како терористички напади врз Македонија кои ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Ова го порача Жанета Трајковска, позната граѓанска активистка која честопати ги критикува општествените случувања. 

Овој пат, по бројните пожари во нашата земја, и по последниот страшен пожар во Трубарево, каде гореше фабрика за рециклирање и соседни објекти, таа се осврна на бројните пожари.

- Ќе исцркаме сите како глувци од тоа што предолго, цела независност, значи 34 години политички, административни, партиски и бизниз моќници мислат дека државата им е сопствен ќенеф, па може да прават што сакаат - напиша Трајковска на Фејсбук. 




Поврзани вести:

ОСТАНЕТЕ ВНАТРЕ, ЗАТВОРЕТЕ ПРОЗОРЦИ И АКО МОРА ДА ОДИТЕ НАДВОР НОСЕТЕ МАСКИ - се огласи Инситутот за јавно здравје

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - прво се запалила фирмата „Ф-Групација“, потоа пламените јазици ги зафатиле соседните објекти

ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи


Слично

Поврзани вести