Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе имаме обилни дождови и пад на температурите

Ќе имаме обилни дождови и пад на температурите

Моќниот џиновски циклон Бруно сè повеќе ќе влијае на времето кај нас, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Денес (сабота) во попладневните часови претежно на запад и северозапад и тоа на планините, но и во оние населени места кои се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за редок град.

„Веќе утре од попладневните часови, па натаму во најголем дел од државава ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста и врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон понеделник како и во понеделник. Локално за кратко време можно е да наврнат дури над 20 л/м2 воден талог“- вели Попоски. 

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, меѓутоа во текот на утрешната ноќ поради продор на свеж воздух од север ќе бележат тенденција на значително опаѓање (дури за околу па и за повеќе од десет степени).

Освежувањето на времето најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.

Слично

Поврзани вести