Ќе имаме ли наскоро град без корона?
Според податоците кои денеска ги објави Министерството за здравство, Дојран е градот со најмал број на активни случаи на коронавирусот, само 4.
Во однос на претходните денови и недели бројот се намали. Досега во градот имало 132 ковид пациенти. Доколку вака продолжи Дојран е на пат да биде град без корона, нешто што долго време го нема во Македонија. Ова би било одлично во пресрет на летната сезона, а градот за српските гости ќе понуди попусти за паркинг и во туристичко - угостителскиот сектор. Во земјава се намалува бројот на активни случаи на коронавирусот.
foto freepik
Слично
