Ќе имаме потопло лето и натпросечни температури
Не очекува потопло лето и натпросечни температури.
Летово ќе биде потопло, со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата на воздухот од многугодишните просеци и врнежи во рамките на просекот. Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3 степени во североисточниот регион. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули. Ова го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи повикувајќи се на прогностичките материјали што ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.
