Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, oбид за смена на Мицкоски

Ќе има вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, oбид за смена на Мицкоски

Во ВМРО-ДПМНЕ ќе има вонреден конгрес. 

Поранешни членови на партијата, но и актуелни градоначалници, преку Иницијативен одбор закажаа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Нов обид за смена на претседателот Христијан Мицкоски од лидерската позиција ќе има на 28-ми март во Скопје. 

„Ниту времињата се редовни, ниту ситуацијата во која се наоѓа партијата и државата се редовни, така што неминовно се наметнува потребата од вонреден конгрес. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била столб кој ја штител Македонија и интересите на граѓаните кои живеат во земјава“, велат од Иницијативниот одбор.

За пратеникот Антонио Милошоски овој овој конгрес не е статутарен, ниту пак има правна основа. Вели дека овие луѓе сакаат да му фрлат гума за спасување на премиерот Зоран Заев. 

„Во моментите кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, три илјади жртви, 55 илјади нови невработени и многу затворени фирми, оваа група се обидува тоа да го релативизира и Заев кој што е во моментов во самото Собрание е на стаклени нозе со своето мнозинство, да може да ја дефокусира јавноста, да се занимава со споредни теми во опозицијата“, посочи  Милошоски.

Во наредните денови Одборот ќе ги формира телата за спроведување на Конгресот, ќе го промовира слоганот и ќе дистрибуира покани и материјали за делегатите.

Мицкоски беше избран за лидер на партијата во декември 2017 година на конгресот во Валандово.  Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја прифати неотповикливата оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски. 

Слично

Поврзани вести