Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има уште една патарина на патот до Грција, кога и колку уште не се открива

Ќе има уште една патарина на патот до Грција, кога и колку уште не се открива

За помалку од два месеци ќе биде готова втората патарина на делницата Демир Капија-Смоквица, чија изградба привршува. Најверојатно бргу потоа ќе почне и напалатата, но не се знае точно кога ќе се воведе. 

Сега на таа делница се плаќа само една патарина, која се наоѓа на крајот од тоа парче автопат кога се оди кон Грција, и која чини 100 денари, а беше воведена кон крајот август годинава.

Информацијата дека завршува изградбата на наплатната рампа денеска ја објави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, на прес конференција на која се презентираа резултати од досега сработеното на оваа институција. 

Не се знае колку ќе чини новата патарина. Се очекува да се движи межу 60 и 80 денари. 

Со сегашните патарини, трошокот за граѓаните кои возат од Скопје до Гевгелија изнесува 280 денари. 

Слично

Поврзани вести