Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА СВАДБИ И ВО ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ - Бектеши објави најнова вест од Владата

ЌЕ ИМА СВАДБИ И ВО ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ - Бектеши објави најнова вест од Владата

Одлука падна што многумина ја очекуваа, свадби од 1 јули ќе може да се одржуваат и во затворени простории.

„На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот“, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

На предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Слично

Поврзани вести