Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ПРОТЕСТНА НОТА: Османи вели дека го игнорирале Џамбаски, но тој претера со провокации

ЌЕ ИМА ПРОТЕСТНА НОТА: Османи вели дека го игнорирале Џамбаски, но тој претера со провокации

Македонските власти ќе упатат протестна нота до Бугарија. 

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, ќе прати официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој го навредуваше премиерот Димитар Ковачевски. Тој покажа и територијални претензии со тоа што зад него додека говореше имаше карта на Голема Бугарија, односно и Македонија беше прикажана како дел од Бугарија.

„Иако се обидувавме да го игнорираме, овојпат ги надмина сите граници на провоцирање. Според сите меѓународни и билатерални договори  има основа да се реагира  до бугарската држава, бидејќи искажува територијални претензии и навредлив говор“, рече Османи.

Џамбаски го коментираше премиерот, неговото семејство, но и го оспори македонскиот јазик, и историја. Тој обвини дека Ковачевски ги исполнува желбите на Кремљ и Белград. 

Ковачевски претходно на новинарите им кажа дека не знае кој е Џамбаски, и не ја слушнал неговата изјава. Но, ова го налути Џамбаски. 
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вели дека изјавата на Џамбаски е навреда за македонските граѓани и секоја провокативна, неприфатлива и навредлива изјава бара реакција.
Инаку, Џамбаски многу пати досега упатуваше провокации, па дури и во спот во изборна кампања говореше дека Македонија била бугарска. 
Слично

Поврзани вести