Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ПРОГРАМА: Познато кои изведувачи ќе настапат на дочекот на Нова Година на скопскиот плоштад

ЌЕ ИМА ПРОГРАМА: Познато кои изведувачи ќе настапат на дочекот на Нова Година на скопскиот плоштад

Град Скопје објави дека на плоштад сепак ќе има организиран дочек на Новата година. Празничната програма е објавена по соработка со ,,Комора на музичката индустрија“. Објавени се и музичарите кои ќе настапат за време на новогодишниот дочек.

На самата новогодишна вечер ќе настапат Сузана Гавазова, Блага Петреска, Стојне Николова, Дарио, Слаткр и други. Претходните денови пак, на празничниот базар ќе настапуваат Миле Кузмановски, Ламбе Алалбаковски, Куку Леле, ДНК, Антониа Гиговска, Анета Љумаковска, Нино Величковски, Марјан Коцев, Бени Нон Стоп, Елена Велевска, Некст Тајм и многу други. 

Водители на настаните ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески. Програмата ќе трае до 07.01.2024.

„Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци“, гласи програмата на Град Скопје.


Слично

Поврзани вести