Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

Во Македонија се очекува пороен дожд, а можна е појава и на град. 

До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места во државата, а ќе дува и засилен ветер. Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. 

На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе бидат од 15 до 23 степени. 

Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени. 

Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести