Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли злоупотреба: Редар на невакцинирани ќе им бара сертификат ако сакаат да седнат во кафуле или ресторан

Ќе има ли злоупотреба: Редар на невакцинирани ќе им бара сертификат ако сакаат да седнат во кафуле или ресторан

Од следната недела ако не сте вакцинирани нема да можете да влезете во ресторан или кафуле. Ова значи забрана за влез за невакцинирани, а целта на оваа мерка која се подготвува е да се поттикне имунизацијата против ковид 19. 

Исклучок за мерката ќе бидат капацитети со помалкуи од 30 гости.

Како ќе се спроведува оваа мерка?

Во секој угостителски објект ќе мора да има лице - редар на кое пред да влезете ќе мора да му покажете доказ за вакцинација, во спротивно нема да може да влезете.

Ќе има ли злоупотреба на мерката? Ова е прашањето кое многумина си го поставија. Колку мерката ќе биде ефикасна и нема да биде злоупотребена од страна на угостителите. Ќе постигнат ли на сите страни инспекциските контроли?

Младите ќе бидат на удар.

Најзсегнати од мерката дефинитивно ќе биде младата популација ако се земе предвид фактот дека тие покажуваат најмалку заинтересираност за имунизација против ковид.

Вирусот деновиве почнува да се шири а делта варијантата зема замав. Скопје и Тетово имаат најмногу активни случаи .

Слично

Поврзани вести