Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли заштита на македонското малцинство во Грција?

Ќе има ли заштита на македонското малцинство во Грција?

Начинот на промена на членот 49 од Уставот е унифицирање со европската пракса за тоа како се води грижа за дијаспората, кажа премиерот Зоран Заев на прес-конеференција попладнево за договорот со Грција. 

За тоа дали договорот содржи одредба со која се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората, како што јавија грчките медиуми, Заев посочи дека станува збор за усогласување со европската пракса.

„На тој начин ќе го прецизираме делот за грижата за нашата дијаспора, каде и да се наоѓаат во светот, а при тоа да не иритираме кој било од соседите“ – додаде премиерот.

Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство“.

Заев даде детаљи за јавноста за тоа што содржи договорот. 

Слично

Поврзани вести