ЌЕ ИМА ЛИ УТРЕ АВТОБУСИ: Еве што вели сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски
Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски во изјава за ТВ21 одговори на тоа дали ќе има или не гориво за автобусите на ЈСП. Тој рече дека неговата компанија и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат 10 милиони евра долг.
„Нема да има прекин на градскиот превоз. „Пуцко Петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат долг од 10 милиони евра“, изјави Јахоски за телевизијата.
Вчера, неговата компанија донесе одлука да не достави гориво за ЈСП, а по соопштението од Град Скопје, настана вистинска паника, дали скопјани ќе имаат јавен превоз.
Слично
