Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ СМЕНИ ИЛИ РОКАДИ НА НЕКОИ МИНИСТРИ - премиерот смета дека е рано, на сегашните треба да им се даде време и шанса

ЌЕ ИМА ЛИ СМЕНИ ИЛИ РОКАДИ НА НЕКОИ МИНИСТРИ - премиерот смета дека е рано, на сегашните треба да им се даде време и шанса

Ќе има ли рокада на министри во Владата, или станува збор само за празни шпекулации?

Информативната агенција на албански јазик ИНА пишува, а пренесува порталот Експрес., дека во кулоарите на партиите од власта кружат гласини за реформатирање на Владата, односно за менување на неколку министри кои не постигнале резултати.

„Оваа тема е лансирана и се третира од домашните медиуми, повикувајќи се на партиски извори. Претходно ТВ21 објави дека може да има реконструкција на Владата, вклучувајќи и рокади на министерски ресори меѓу СДСМ, ДУИ и другите партнери во коалицијата“, пишува ИНА, додавајќи дека од Владата денеска нагласуваат дека не станува збор за реконструкција во владиниот кабинет и дека премиерот Заев нагласил дека Владата е формирана само осум месеци претходно и работата на членовите на Влаата сè уште не е во фаза кога може да се реконструира, ако се констатира дека постои потреба за кадровски промени, или не.

Во информацијата на ИНА се цитира ставот на Заев дека „тоа не е потребно“ и оти „извршната власт е избрана од Парламентот и заслужува шанса, бидејќи министрите се само осум месеци на нивните позиции“.

„Не треба да се заборави дека за Владата се гласаше на 1 септември и оттука нема потреба за нови кадровски промени“, ја пренесува ИНА изјавата Заев.

„Можните промени во Владата ги негираат и ДУИ и Движењето Беса“, пишува денеска агенцијата ИНА.

Слично

Поврзани вести