Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли широк фронт против Груевски?

Ќе има ли широк фронт против Груевски?

На 2 октомври ќе се одржи тематски, програмски конгрес на СДСМ, на кој ќе се решава каква ќе биде коалицијата што треба да го победи Груевски на изборите.

Делегатите на највисокиот орган на опозициската партија ќе расправаат за предлогот на раководството наместо „обична“ партиска коалиција, да се создаде широк фронт.

Конгресот на 2 октомври ќе има два дела. Во првиот дел ќе се расправа за чувствителното прашање за коалицирање, а во вториот дел ќе стане збор за програмските приоритети на новата влада на СДСМ. 

„За разлика од некои други партии, особено од овие владејачките, кои листите ги прават во затворен круг и од страна на нивните извршни органи на не повеќе од десет или петнаесет луѓе, во СДСМ, одлуките и за носители, но и за дел од кандидатите на листите, се носат на конгрес“- изјавила Шекеринска за „Плусинфо“.

Во средината на ноември ќе се одржи уште еден конгрес, на кој ќе се расправа за кандидатските листи.

Слично

Поврзани вести