Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ ПРОТЕСТИ НАЕСЕН: ДУИ го соопшти ставот

ЌЕ ИМА ЛИ ПРОТЕСТИ НАЕСЕН: ДУИ го соопшти ставот

Oд ДУИ велат дека ќе ги искористат сите демократски механизми, а не е исклучена и можноста за одржување на протести. Ова е одговорот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дека партијата подготвува дестабилизација на државата наесен.

Велат дека ќе настојуваат да се почитува волјата на граѓаните, но и владата да го почитува етничкиот легитимитет.

Од ДУИ додаваат дека за таа цел ќе се консултираат со членството, со домашни, но и странски експерти, а го ангажирале и авторот на Охридскиот рамковен договор, затоа што, како што велат, договорот за внатрешното уредување на малцинските права во земјава различно се толкува, а поради тоа се доведени во оваа ситуација.

Слично

Поврзани вести