Ќе има ли промени на времето за викендот?
До петок ќе имаме претежно сончево и многу топло време.
Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.
Ќе имаме два дена да се одмориме од топлотниот бран „Луцифер“, поради кој високите температури продолжуваат. Топлиот бран доаѓа од Африка.
Слично
