Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли продолжување на кризната состојба до јуни следната година?

Ќе има ли продолжување на кризната состојба до јуни следната година?

Комисијата за одбрана и за безбедност и Законодавно-правната комисија во Собранието денеска ќе го разгледуваат предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантската криза. 

Ако предлогот биде усвоен, наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година, објави Мета. 

Продолжувањето на кризната состојба е на барање на Владата, која на седницата на 5 октомври го усвоила записникот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Ваквото барање на Владата, стои во предлогот за изменување на одлуката за продолжување на рокот на кризната состојба, е за да се обезбеди „конинуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија (АРМ) и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи (МВР), во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, како и врз основа на извештајот за направена процена и сеопфатна анализа“.

Кризната состојба поради мигрантската криза беше воведена кон крајот на август лани, кога десетици илјади мигранти од подрачјата зафатени со војни на Блискиот Исток и во Северна Африка минуваа низ територијата на земјава на пат кон западноевропските земји. 

Собранието на барање на Владата неколкупати го продолжуваше траењето на кризната состојба, а последен пат ваква одлука беше досена на 18 март годинава. Со оваа одлука, вонредната состојба на јужната и на северната граница беше предвидено да трае до 31 декември 2016 година.

Гласањето ќе се одржи на пленарна седница в четврток. 


Слично

Поврзани вести