Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли повторно полициски час или карантин?

Ќе има ли повторно полициски час или карантин?

Бројот на заразени во Македонија од ден на ден расте, но властите велат дека засега нема да има карантин или полициски час. 

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции, но треба да се почитуваат мерките. 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се’ уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин.

„Јас лично, рече Заев, сум против вакви мерки, но не е исклучено да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача“, вели Заев. 

Во Македонија има вкупна бројка на ковид дијагностицирани од 36.372, бројката на оздравени пациенти е 22.526, на починати е 1.084, а бројот на активни случаи изнесува 12.762. 

Само во Скопје има скоро 6.000 активни случаи. 

Во соседството, Грција одлучи да воведе карантин. 

Слично

Поврзани вести