Ќе има ли нови рестриктивни мерки: Утре Совет за безбедност
За утре напладне претседателот Стево Пендаровски го свика советот за Безбедност на кој ќе бидат присутни сите членови, а поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче.
Од Кабинетот на претседателот наведуваат дека на десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.
Се очекува на овој состанок да бидат дефинирани нови и построги мерки за заштита од ширење на корона вирусот.
Дел од членовите на Комисијата за заразни болести, како што најави претходно премиерот Заев, сметаат дека полициски час кој ќе почнува од 17 или 18 часот попладне до изутрина до 5 часот, ќе има поголеми резултати.
