ЌЕ ИМА ЛИ НОВИ МЕРКИ: Се состанува комисијата за заразни болести
Засега нема да има задолжителна имунизација, но сите опции се на маса. Бројот на новодијагностицирани во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти а оние кои го оптеретуваат системот се неиуминизирани.
Комисијата за заразни болести денеска ќе ги дискутира последните анализи за ситуацијата со ковид во државата, па ќе одлучи дали и какви мерки ќе се предложат.
Засега нема оптеретување на болниците, а Филипче кажа дека во земјава е почнат новиот бран на ковид.
Носењето маска и имунизација, досега според министерот беа клучни мерки за поскоро надминување на пандемијата.
Слично
