Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ НОВА „СКРАТЕНА“ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА - денеска заседава Советот за безбедност

ЌЕ ИМА ЛИ НОВА „СКРАТЕНА“ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА - денеска заседава Советот за безбедност

Дали и за колку ќе продолжи вонреднта состојба во земјава ќе се знае денеска. Вонредната состојба што претходно беше прогласена од претседателот Стево Пендаровски, истекува утре. Советот за безбедност денеска треба да одржи седница, на која ќе се разговара за евентуално продолжување на вонредната состојба.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба. Тој сепак, не кажа дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку.

„Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба, затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат, и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.

Вонредната состојба поради коронавирусот првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена.

Некои неофицијални информации говорат дека вонредната состојба би се продолжила за уште две недели, а други, пак, калкулираат дека таа би можела да биде продолжена за три недели. Но, финалната одлука треба да биде кажана по завршување на Советот за безбедност.

А една од мерките во вонредна состојба е полицискиот час. Без вонредна состојба, практично не може да се воспостави полициски час. Владата ќе треба да се произнесе за тоа до кога ќе трае полицискиот час за време на викендов пред нас, односно дали тој продлжува да биде до 19 часот како и претходните сабота и недела. Се очекуваат и информации до кога ќе трае полицискиот час од почетокот на идната недела. Некои шпекулации одеа во насока дека тој би можел да се продолжи до 21 часот, но тоа засега останува во зоната на неофицијалните информации.

Слично

Поврзани вести