Ќе има ли некои забрани: Заев ќе потпише меморандум за безбедност на 5Г технологии
Претседателот на Владата Зоран Заев и Потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на Соединетите Американски држави Кеит Крач, денеска ќе потпишат меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.
360 степени објави дека станува збор за договор со кој земјава ќе се обврзе дека нема да користи 5Г технологија од „непроверени и некридиблни“ производители. Со други зборови, со овој меморандум во Северна Македонија ќе се оневозможи инсталирање чувствителна телекомуникациска опрема која може однадвор да биде злоупотребена за собирање податоци за македонските граѓани.
Слично
