Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли лидерска кај Пендаровски?

Ќе има ли лидерска кај Пендаровски?

Премиерот, Зоран Заев денес на прес-конференција изјави дека ако и другите лидери се согласат, местото на лидерската средба може да биде и во претседателската вила на Водно, кај шефот на државата, Стево Пендаровски. 

„На било кое место за мене е прифатлива лидерска средба. Можеби и таму ни е местото, секое прашање кое е од стратешки интерес за државата, мора да се реши. Може да сме различни, но треба да ги исполнуваме интересите на граѓаните. Ако на поканата на претседателот Пендаросвки се одзват и другите лидери, ќе прифатам и јас", одговори Заев.

Лидерската средба, која премиерот Заев ја закажа за денеска е откажана. 

Владата на Република Северна Македонија преку соопштение информираше дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба.

Слично

Поврзани вести